Убиство во Тетово

Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата, пренесе МИА.

– С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка, соопшти портпаролот на СВР Тетово,Фатмир Реџепи.

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Некои локални медиуми објавија дека таткото го убил сопствениот син.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести