Синер: Да имаме луѓе околу нас што ги сакаме е многу поважно од освојување трофеи

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ги процени шансите да ја одбрани титулата на Австралија Опен оваа година.

– Враќањето на турнирот како бранител на титулата е посебно чувство кое не може да се спореди со ништо друго. Со нетрпение го очекувам почетокот на турнирот и сакам да видам како ќе се справам со оваа задача, ги цитира „Ubitennis“ зборовите на Синер.

Во исто време, тенисерот истакна дека има работи многу поважни од освојување трофеи.

– Се обидувам да се опкружам со луѓе на кои навистина им верувам. Да имаме луѓе околу нас што ги сакаме е многу поважно од освојување трофеи.

Во финалето на Австралија опен 2024 година, Синер го победи Русинот Данил Медведев во пет сета. Вкупно 23-годишниот Италијанец има две победи на Грен слем турнирите.

Австралија опен 2025 година ќе се одржи од 12 до 26 јануари на терените на спортскиот комплекс „Мелбурн Парк“. 

МИА

Најчитани вести