Страшна повреда на ѕвездата на Тотенхем: Oстана да лежи на теренот


На натпреварот од полуфиналето од ЕФЛ Купот помеѓу Тотенхем и Ливерпул се случи можеби фатална повреда на Родриго Бентанкур.

Уругвајскиот репрезентативец се повреди на вратот за време на натпреварот.

По изведување корнер, тој се обиде да ја удри топката со глава, но нешто тргна наопаку и остана да лежи неподвижен на тревникот. Глетката е застрашувачка.

Уругваецот е изнесен од теренот на носилки со штитник околу вратот, а се чекаат повеќе информации за неговата состојба.

Најчитани вести