Опожарено возило во Велес, нема повредени 

Ноќеска околу 3:15 часот на улица „Тодор Јанев“ во Велес настанал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот  Е.Џ. од село во Општина Чашка. Случајот бил пријавен во СВР Велес. 

Како што информира СВР Велес, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица од Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести