По пожарите, многубројни кражби во Лос Анџелес

По големите пожари и евакуација на жителите, Лос Анџелес се соочува и со многу крадци кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата.

Надзорникот на округот Линдзи Хорват изјави дека синоќа е прогласен полициски час во Малибу и Санта Моника поради „луѓето кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата“, мислејќи на разбојниците.

„Ова е апсолутно неприфатливо. Сите ќе се собереме да го направиме секое маало безбедно“, најави таа и нагласи дека ситуацијата ги тестира и најсилните меѓу нив.

Таа објави дека 15.000 луѓе во Малибу се уште се без гас. Метрото е бесплатно, така што луѓето можат да стигнат каде што треба. Хорват ги повика луѓето да патуваат само доколку е неопходно.

Досега 20 лица се уапсени поради кражба.