Ужасот од вселената: НАСА објави сателитски снимки од шумските пожари во Лос Анџелес

Лос Анџелес и неговата околина, вклучително и округот Вентура, се опустошени од пет активни пожари, поради што беа евакуирани повеќе од 130.000 луѓе.

НАСА објави сателитска снимка на која се гледа како чад се издига над Лос Анџелес и ги откри областите погодени од овие пожари како и степенот на уништување, дополнително илустрирајќи го обемот на трагедијата што ги снајде жителите на градот.

Во пожарите на Итон и Палисадес изгореа речиси 26.400 хектари земја, а има и човечки жртви.

Загинатите биле пријавени североисточно од Лос Анџелес, во близина на Пасадена, каде пожарот и понатаму е надвор од контрола.

Нов пожар избувна во познатата населба Холивуд Хилс.