Во морето од пеплосани куќи, само една остана недопрена, откриено и зошто


Куќа вредна 9 милиони долари остана целосно недопрена во огромените пожари што ги зафатиле околните вили во Малибу.

Нејзиниот сопственик се зачудил кога дознал дека неговата куќа го „преживеала“ пожарот кој ги пеплосал сите наоколу.

„На чудата им нема крај. Ова е чудо“, изјавил за “New York Post“ Дејвид Стејнер, пензиониран директор на центар за управување со отпад. Тие не биле во вилата во моментот на пожарот. Мислеле дека дефинитивно ќе го изгубат замокот во огнената стихија кога виделе на вести како огнот и чадот се шират.

– Изведувачот гледал вести и видел како гори куќата на соседот. Ми рече дека и мојата ќе изгори. Додека ги гледав снимките од пожарите, мислев дека тоа ништо не може да запре. Знаев дека ја изгубив и мојата вила“, се потсетува Стејнер.

И тогаш започнале да му пристигаат пораки.

„Твојата куќа е на сите вести“, ми пиша порака еден пријател.

Неговата трикатна вила е неверојатно, единствената што стоеше во „морето“ од изгорени прекрасни вили.

„Мојата сопруга ми кажа дека нашата куќа е единствената што сѐ уште стои покрај плажата, а тоа ми ја врати насмевката на лицето во овие тешки времиња“, изјавил сопственикот, пренесе „N1“.

Стејнер, адвокат и поранешен директор на „Waste Management Inc.“ во Хјустон, веле дека неговиот имот бил изграден да биде отпорен на пожари и да може да издржи земјотреси. Токму поради фактот што вилата е изградена за да биде исклучително безбедна, се верува дека го преживеала пожарот.

– Изградена е од гипс и камен со огноотпорен покрив. Темелите на зградата се наоѓаат на 15 метри под земјата за да може да ги издржи моќните бранови што удираат веднаш под неа, открил сопственикот.

Најчитани вести