Луис Хамилтон законски си го менува името, познато и како ќе се вика

Легендарниот британски возач Луис Хамилтон со големи промени ќе влезе во неговата 19-та сезона во Формула 1.

Покрај возењето со болидот на Ферари, Хамилтон во новата сезона ќе ја започне и со ново име. Уште во 2022 година, тој изјави дека сака на своето име да го додаде и презимето на неговата мајка – Ларбалестиер.

„Таа промена би значела многу за моето семејство, особено за мајка ми и за мене. Никогаш не сум го разбрал концептот жена да го изгуби презимето со мажење за маж, па вака сакам да ја покажам мојата почит кон мајка ми. Мајка ми е посебна и сакам нејзиното презимето да продолжи низ мојата лоза. Сакам таа да биде дел од моето наследство на тој начин“, изјави Хамилтон.

Британецот легално и официјално ќе го промени своето име.

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести