Двајца играчи над 37 години стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен за прв пат од 1978 година

Двајца тенисери над 37 години за прв пат од 1978 година стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен.

Триесет и седумгодишниот Новак Ѓоковиќ во третото коло го победи Чехот Томаш Мачац – 6:1, 6:4, 6:4. 

Триесет и осумгодишниот Гаел Монфис го победи светскиот рекет број четири Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.

Последен пат двајца играчи на возраст од 37 или повеќе години стигнаа до оваа фаза на Австралија Опен во 1978 година. Тогаш тоа го постигнаа Кен Роузвол и Боб Кармајкл. 

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести