Раниери оди во пензија на крајот од сезоната

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, објави дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на тренерската кариера.

Седумдесет и тригодишниот италијански стручњак е на чело на тимот од Рим од ноември 2024 година. Пред тоа, тој веќе двапати беше тренер на Рома – од 2009 до 2011 година и во 2019 година.

– Клубот ќе бара нов тренер способен да го води тимот во елитата на италијанскиот и европскиот фудбал. На крајот на сезоната ќе престанам со работа, време е да кажам „доста е“, изјави Раниери за „Раи Спорт“.

Во различни фази од својата тренерска кариера, Италијанецот работеше во Челзи, Фиорентина, Парма, Наполи, Валенсија, Јувентус, Лестер, Фулам, Монако, Интер, Атлетико и други клубови.

Во 2016 година, Раниери беше прогласен за тренер на годината од ФИФА. Истата година тој беше примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести