Во Основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево денеска беше пуштен во употреба нов лифт. Во ова училиште учат околу 200 деца, зградата е со 3 ката, а лифтот е направен за да им го олесни пристапот до сите училници на децата со посебни потреби.
„Заедно градиме училиште кое инспирира, мотивира и ги поддржува сите! ![]()
Денеска во нашето училиште официјално беше пуштен во употреба новиот лифт кој претставува значаен дел од нашиот постојан ангажман за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби. Лифтот е направен од сопствениот буџет на училиштето.
Оваа инвестиција е уште еден доказ дека сме посветени на создавање модерно и инклузивно училиште, каде секој ученик ќе има еднаква можност да се развива и напредува.
Покажуваме дека инклузијата не е само збор, туку дело што сите заедно го поддржуваме. Таа е наша заедничка обврска, а овој лифт е доказ за нашата посветеност да ги поддржиме учениците со посебни образовни потреби и да покажеме дека секој ученик е подеднакво важен.
Секој ученик заслужува можност да го достигне својот потенцијал во средина која ги почитува и поддржува неговите потреби’“, стои во објавата на училиштето на нивната страница на Фејсбук.
Досега овие ученици учеле само на првиот кат, но сега им е олеснет пристапот до сите училници.
Во ова училиште учат околу 200 деца.


