Се откриваат детали: Во авионот кој се урна во Вашингтон биле светски прваци и познати спортисти

Руските лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов се наоѓале во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, објави во руската државна новинска агенција ТАСС.

Шишкова и Наумов, кои беа во брак, ја освоија титулата светски шампиони во уметничко лизгање во 1994 година. ТАСС пренесува дека во авионот била и освојувачката на бронза во уметничко лизгање Ина Волјанскаја.

Американскиот лизгач Лук Ванг исто така потврди дека во авионот имало тренери и спортисти.

Спортскиот агент Ари Закаријан изјави дека авионот имало познати спортисти.

„Ќе видите наскоро, имало таму добро познати лица“, рече Закаријан.

Регионален патнички авион на Американ ерлајнс во средата вечерта се судри во воздух со хеликоптер на американската армија Блек Хок во близина на националниот аеродром Вашингтон Реган, при што патничкиот авион се урнал во реката Потомак.

Најчитани вести