Нелегалните онлајн игри на среќа ќе се забранат со закон

За новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа, зборуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24.

-“Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни, детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа“, рече Андоновски.

Тој истакна дека веќе ги известиле глобалните приредувачи на игри на среќа кои што не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работеле на измени на законот. Според него гледале и да не упаднат во надлежностите на министерството за финансии, УЈП и државната лотарија и заедно со нив дошле до законско решение кое поминало на Влада, влезено собраниска процедура и очекува да помине на комисијата за дигитална трансформација.

-“Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат достапност до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени”, посочи министерот Андоновски.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести