Приведен 47-годишник во Скопје, баран по потерница

 Полициски службеници од Оперативен тим потраги при Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 15:20 часот во населбата Илинден, го лишиле од слобода 47-годишниот З.Т. од оваа населба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд – Скопје, за издржување казна затвор од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Како што потенцираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести