Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделник „Велт“ изјавил дека не е заинтересиран да ја купи социјалната мрежа ТикТок, пренесува Танјуг. Маск го даде интервјуто откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на законот со кој и наложи на матичната компанија ByteDance да ја продаде социјалната мрежа, со можност TikTok инаку да биде забранет во Соединетите Американски Држави, пренесува TechCrunch од Сан Франциско.
Се појавија извештаи дека кинеската влада е отворена за договор во кој Маск, клучен сојузник на Трамп би го купил Тик Ток, наведуваат американски медиуми.
„Немам никакви планови за тоа што би правел ако сум сопственик на ТикТок. Претпоставувам дека
Би го разгледал алгоритмот и би се обидел да одлучам колку овој алгоритам е корисен и што може да се направи да го смениме алгоритмот за да биде попродуктивен и на крај покорисен за човештвото”, изјавил Маск во интервју за „Велт”.
Во разговор со новинарите Трамп изјавил дека би сакал Маск или претседателот на компанијата Оракл Лари Елисон да го купат ТикТок, а кратко потоа ја потпишал извршната наредба за создавање инвестициски фонд кој би можел да купи удел во ТикТок.


