Иран лансира ракети врз Јордан

Иран денеска лансира ракети кон Јордан, но сите се пресретнати – соопшти јорданската влада.

– Управата за јавна безбедност ги активира сирените откога ракети лансирани од Иран го нарушија воздушниот простор на Кралството. Заканите се пресретнати и неутрализирани – објави портпаролот на јорданската влада, Мохамад ал-Момани, на платформата „Икс“.

Тој додаде дека армијата на Јордан е подготвена да се соочи со каква било закана.

МИА

Најчитани вести