Седумнаесетгодишник со возило излетал од коловозот, повредени уште тројца малолетници

Малолетник излетал со возило среде ноќ во Скопје. При несреќата повредени се тој и уште тројца сопатници кои исто така биле малолетнини. 

– Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести