Неколку десетици непознати маскирани лица облечени во црно утрово пристигнаа во Паркот на Пионерите. На социјалните мрежи кружи видео, а се уште не се знае која била целта со доаѓањето во паркот каде со денови престојуваат „студенти кои сакаат да учат“.
Исто така, поголема група мажи во црно е снимена на Зелени Венац како се движи кон центарот на градот. „Како војска“, стои во описот на објавата на Instagram профилот на Serbialive Beograd.
Фото – Видео: Инстаграм serbialive_beograd


