Агелер: Нашето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. 

-Срцето ми се кине утрово за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство го упатуваме до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време, а им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија, наведува Агелер во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на САД во земјава.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести