Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за медиумите изјави дека полицијата синоќа вршела проверки во повеќе дискотеки низ земјава, како и во дискотеката „Пулс“ каде што синоќа изби пожар и загинаа најмалку 59 млади лица, а преку 100 се повредени. Тошковски потврди дека еден полицаец загинал при пожарот во дискотеката „Пулс“, кој таму бил да врши проверка за дрога.
Токму МВР е институцијата која издава одобрение и врши проверки за користењето на пиротехнички средства во затворен простор. Според видеата објавени на социјалните мрежи од моментот на настанување на пожарот, неофицијално тој бил предизвикан од пиротехнички средства, кога од прскалки биле запалени паноа над сцената во дискотеката.


