Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите во врска со трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, наместо да ги прозива одговорните, изјави дека се надева оти „младите ќе научеле лекција“.
„Знам дека тоа се млади храбри луѓе, верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука. Ќе научат една лекција во животот“, скандалозно изјави Сиљановска-Давкова.
Каква лекција очекува претседателката на научат младите кои биле во дискотека за која не е утврдено дали има лиценца, во која биле користени пиротехнички средства за кои не е јасно дали некој ги проверувал и во која полицијата токму синоќа вршела контрола за дрога и не пријавила неправилности, иако дел од загинатите и повредените се малолетни лица.
Големиот пожар се случил вчера околу 02:30 часот кога неофицијално од пиротехнички средства кои биле користени на сцената се запалил кровот на дискотеката, по што избувнал пожар и настанало стампедо при обидот сите 1.500 присутни да излезат од еден излез.


