Андреј Ѓоргиески од ДНК им подлегнал на повредите: До последен здив спасувал животи од огнената стихија

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.

Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.

Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица и фотографот Александар Ефремов.

Преостанатиот член на ДНК, Панчо, неофицијлно е во тешка состојба.

Ми го скрши срцето… 💔

Почивај во мир најдобар мој брате… 🖤🥀 напиша на ФБ Александре Ружин.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести