(ВИДЕО) Тензии пред кочанската болница: Родители си ги бараат телата на починатите деца

На видеото се гледа и како медицинско лице од болницата се обидува да ги смири родителите на починатите, објаснувајќи им дека обдукцијата е неоходна

Родители на загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не дозволуваат транспорт на телата во Скопје за понатамошна обдукција, јавува „Дојче веле“ на македонски јазик.

На видеото што го објави „Дојче веле“ се гледаат револтирани родители кои не се согласуваат телата на починатите да се изнесат од кочанската болница и да бидат пренесени на обдукција во Скопје.

„Деца нема да се носат. Дајте ни ги децата. Цел ден ги држите телата тука“,се дел од нивните извици.

Бараат телата на починатите да им бидат предадени за да можат да им организираат погреб.

На видеото се гледа и како медицинско лице се обидува да ги смири родителите на починатите, објаснувајќи им дека обдукцијата е неоходна.

Некои од нив велат дека ги чекаат телата повеќе од 15 часа.

Според досегашните информации, најмалку 59 луѓе ги загубија животите, а 155 се повредени во синоќешниот пожар во Кочани.

извор: 360stepeni.mk/

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести