Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани.

Лицата што протестираа го пробија корднот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше граѓана со јајца и камења.
На денешниот протест во Кочани граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, побараа правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат.
Група граѓани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица.
Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
МИА


