Заврши распитот на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши во полициската станица во Карпош и сега се носи пред судот во Кочани каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди краткотраен притвор, потврдија за „Слободен печат“ извори од Обвинителството.
Тој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани во која има 59 жртви бидејќи дискотеката каде што се случи пожарот имала фалсификувана лиценца која ја издава Министерството за економија.
Обвинителството за него и за други лица побара краткотраен притвор, а засега осомничени се 14 лица.
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, на кого жителите се најгневни, е во Обвинителството во Кочани и сè уште не се знае дали ќе биде меѓу осомничените.
извор: slobodenpecat.mk


