Трамп имал еден час многу добар разговор со  Зеленски

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објкави американскиот претседател на неговата социјална мрежа Вистина, пренесе Би-Би-Си.

Во објавата на „Вистина“, Трамп го опиша повикот како „многу добар“ и дека траел околу еден час.

„Голем дел од дискусијата се темелеше на вчерашниот  телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби“, напиша тој.

„Ние сме многу на добар пат“, додаде Трамп.

Трамп рече дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат точен опис на точките за кои се разговарало“.

Дополнителна изјава ќе биде објавена „наскоро“, додаде тој.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести