За време на посетата на училиштето за деца на украинските бегалци, принцот Вилијам ја пофали силата на Украина.
Во четвртокот, стотици Естонци чекаа на студ да го поздрават принцот Вилијам во Талин, да се ракуваат со него или да направат селфи. Принцот беше топло пречекан во оваа мала, технолошки напредна земја, која се повеќе се потпира на сојузниците.
Британскиот принц Вилијам пристигна во Естонија со намера да им даде поддршка на британските војници во најголемото оперативно распоредување на британската војска во странство, која би можела да ја брани оваа балтичка држава од потенцијална руска закана.
Принцот ги набљудуваше војниците и воената опрема кои го чуваа источното крило на НАТО.
Би-Би-Си наведува дека принцот Вилијам во маскирна униформа, гледајќи од тенк Челинџер 2, а потоа и од оклопно борбено возило, „јасна ја покажа британската решеност да спречи каква било руска агресија“.
За време на дводневната посета на Естонија, принцот Вилијам направи обиколка на некои од 900-те британски војници кои ја сочинуваат оваа мултинационална група, вклучително и членови на полкот Мерсиан, кој е почесен полковник.
Тој го обиколи воениот полигон во кампот Тапа, каде се спроведува операцијата Кебрит, придонес на Велика Британија за „колективната безбедност и одбрана“ на НАТО на овој ранлив балтички регион.
Принцот, носејќи ознака НАТО на својата униформа, ја набљудуваше теренската обука на борбената група и разговараше и со естонските и со француските војници, пишува српски Курир.


