Претседателот Доналд Трамп, говорејќи од Овалната соба, рече дека верува оти наскоро ќе се постигне целосен прекин на огнот за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина“, рече Трамп.
Претседателот додаде дека во моментов се преговара за договор за поделба на териториите меѓу двете земји, пренесува CNN.
„Ќе имаме договор, а договорот се преговара токму сега“, рече Трамп. „Договорот за поделба на територии и други прашања – тој се преговара во моментов.
Трамп, кој неодамна имаше одделни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за спроведување на делумен прекин на огнот, рече дека останува цврсто во своите напори да стави крај на војната за да се запрат убиствата и да заштеди пари за САД, кои обезбедуваат воена помош за Украина, објави Н1.


