Германски автомобилски гигант им нуди на работниците по 500.000 евра: Мора да исполнат еден многу непријатен услов

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенз сака да го намали бројот на работници за да заштеди околу пет милијарди евра до 2027 година, а на вработените кои ќе решат доброволно да ја напуштат компанијата им нуди отпремнини од 500.000 евра.

Програмата за отпремнина, наречена „Перформанс на следно ниво“ (NLP), започнува во април и трае до март 2026 година, пренесува Handelsblat.

Според пресметката, 55-годишен тим лидер на Мерцедес-Бенз со бруто плата од 9.000 евра и 30 години стаж може да очекува повеќе од половина милион евра отпремнина.

45-годишен вработен во германска компанија со 20 години стаж и бруто приход од 7.500 евра би добил околу 300.000 евра, додава германскиот весник.

Понудата важи само доколку двете страни се согласат да го прекинат работниот однос.

Претходно во март, компанијата постигна договор со синдикатот за програма за штедење.

Мерцедес-Бенз се обврза дека нема да отпушта работници од оперативни причини до 2035 година, но за возврат вработените се откажаа од зголемување на платата, а годинава ќе им се намали бонусот за добивка, пренесува Bild.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести