Без говори и транспаренти голем број граѓани утринаваа маршираа низ градските улици на Кочани, каде поминаа покрај повеќе институции и преку натписи бараа одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што животот го загубија 59 млади луѓе, јавува Слободен печат.
Веднаш по поворката граѓаните на градскиот плоштад им оддадоа почит на жртвите со 20-минутно молчење.


