Многу исплакани денови и ноќи, многу пролеани солзи, болка како грутка на душиве кај секој од нас по старшната трагедија која се случи пред точно една недела во Кочани. Денес на социјалните мрежи се огласи и Игор Џамбазов, кој со едвај со болка и тага ја отпеа песната на ДНК „Ако утре ме нема“.
„Песнава ме прогонува. Со денови наназад, ми дише во врат. Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации. Почивајте во мир деца наши…“ напиша Џамбазов.
„Ако утре ме нема“ е снимена во 2022 година од ДНК и Оркестарот на Џамбо Агушев, набргу стана огромен хит и ДНК ја изведуваа на секој нивен коцерт.


