(ФОТО+ВИДЕО)„Јован Костадинов“ – херојот од Виница кој се врати во пожарот и спаси многу млади животи

19 годишниот Јован Костадинов од Виница е херојот кој спаси 20 врсници по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Тој денеска се врати на настава, а неговите соученици му приредија изненадување.

-Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов! Денес учениците и професорите од нашето училиште му приредија дочек на јунакот. Јован е матурант во класот 4-6 сообраќајна струка-шпедиција.

Лузните од изгореници по телото нема да му дозволат да ја заборави трагедијата, но и неговиот хуман чин. Поради тоа општината ќе го одликува.

По трагичниот настан, Јован се лекуваше на Клиниката за токсикологија поради вдишување на голема количина чад. По седум дена, неговата состојба значително се подобри и вчера беше пуштен на домашно лекување, откако неговите лабораториски и токсиколошки анализи покажаа нормални резултати.

Виница пред една недела се збогуваше со двајца млади загинати во пожарот, а психолозите продолжуваат да работат со учениците по оваа незапамтена трагедија.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести