Полицијата го претресе домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, одземени компјутери, мобилни телефони, документација…

На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се  лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.

Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј., велат од МВР.

Извор – 21ТВ

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести