Новак Ѓоковиќ, кој моментално се натпреварува на Мастерсот во Мајами, го прекршил законот, па поради дивоградба во Марбела мора да плати 10.000 евра, објави порталот Marbella24chasa.
Најдобриот тенисер досега, Новак Ѓоковиќ, реновира вила во Марбела, која е проценета на 10 милиони евра, но без дозвола, па градскиот совет кој една година води постапка против Србинот го казнил, пренесува овој портал. Ѓоковиќ доби две казни, од по 5.000 евра, а допрва треба да ја достави потребната документација за да може да направи нешто и да продолжи со реновирањето.
Новак ја реновира вилата без дозвола
„Бунтовник на тенискиот терен, Ѓоковиќ е и тоа дури и кога треба да исполни обврска во градот каде што има една од своите резиденции. Според наши ексклузивни сознанија, Градскиот совет на Марбела има отворен случај за урбана легализација против српскиот тенисер и неговата сопруга од февруари 2024 година“, пренесува порталот Marbella24časa.
Ѓоковиќ очигледно не се грижи многу за правила и казни, бидејќи не реагирал по првите 5.000 евра, па добил уште една. Шпанците пишуваат дека Новак не ја покажал потребната документација ниту ја срушил спорната зграда. Од февруари 2024 година, Градскиот совет на Марбела води спор против Ѓоковиќ, Јелена и Новак, бидејќи, како што се тврди, тие започнале со реновирање без дозвола на крајот на 2022 година. Во февруари 2024 година му било наредено да ги реши неправилностите во рок од два месеци. После тоа, на 06.08.2024 година му е изречена првата казна од 5.000 евра. Комисијата во октомври повторно утврдила дека Ѓоковиќ не ја добил документацијата, па во февруари годинава му наплатила уште 5.000 евра.
Ѓоковиќ казнет со 10.000 евра
„По пријавата од 27 јануари 2023 година, забележани се работи без дозвола. Измените не биле во согласност со прописите. Наместо паркинг во подрум, изградени се три ката, покриен балкон, тоалет и туш кабина. Со измените се нарушува построгата висинска граница во однос на бројот на катови, стои во документацијата. Било потребно тоа да се легализира со потребната документација а од друга страна работите да се усогласат со прописите на рушење на дел од проектот. После тоа, на 6 август 2024 година го казнило со 5.000 евра што е максимум утврден по прописите. Канцеларијата за легализација на 16 октомври истата година повторно потврдила дека Ѓоковиќ не доставил никаква документација Градското собрание 2024 година му беше наложено да ги реши проблемите во рок од два месеца, а од друга страна, да се усогласат работите со прописите за уривање на дел од проектот Ѓоковиќ немаше поднесено никаква документација, па на 13 февруари 2025 година му била изречена втора парична казна“, пишува споменатиот портал, кој додава дека Ноле може да добие уште 12 такви казни доколку продолжи да го прекршува законот, пренесува Информер.рс.
Станува збор за куќа чија вредност се проценува на десет милиони евра и се наоѓа во делот на Марбела наречен Сиера Бланка. Шпанскиот портал тврди дека куќата има девет соби и осум бањи, како и тениско игралиште.


