Одрони на делницата кај делчевското село Очипала создаваат проблеми на дел од магистралата А3 на патот Делчево – Македонска Каменица.
Од подружницата на ,,Македонија пат” имформираат дека дежурни екипи се на терен и работат на санирање на критичните точки.
Поради влажниот терен и можноста од нови наноси апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење долж овој патен правец.
МИА


