Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на тоа што аргентинскиот напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси присуствуваше на неговиот натпревар на турнир во САД.

– Неверојатно е што ни се придружи. Голема чест е да играм во негово присуство. Многу сум благодарен што беше тука со неговиот син и семејството. Се разбира, му се восхитував, како и повеќето луѓе во светот, во поголемиот дел од неговата кариера. Неговото влијание во спортот во изминатите 20 години е огромно. Фактот што ме гледа во живо, секако, ми носи голема радост и возбуда, но и одреден притисок, да бидам искрен, изјави Ѓоковиќ за „Sportskeeda“.

Во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, вчеравечер Ѓоковиќ го победи Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:2, 6:3. 

Триесет и седумгодишниот Србин првпат од октомври 2024 година стигна до финале на АТП турнир. За титулата во Мајами ќе игра против Чехот Јакуб Меншик.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести