Европската унија се закани со контрамерки доколку САД воведат нови царини за европските производи, што може да влијае на цените на храната, особено на месото.
Ако ЕУ воведе царини за соја од САД, тоа би можело да го поскапи производството на месо, бидејќи сојата од САД и Бразил сочинуваат повеќе од 90% од увозот во ЕУ, а сојата се користи во добиточна храна.
Германската месна индустрија предупредува дека царините ќе ги зголемат трошоците, што ќе се одрази со повисоки цени на месото.
Исто така, Филип Хенекерс од Германското здружение за трговија со храна вели дека дополнителното зголемување на цените најмногу ќе ги погоди потрошувачите, кои веќе се соочуваат со економска неизвесност.
Ова не е првпат сојата да стане клучна во трговската војна меѓу САД и ЕУ, а ЕУ веќе подготвува контрамерки, меѓу кои се производите како виски и мотоцикли, додека царините за земјоделските производи се очекуваат веќе кон средината на април, пишува Ало.рс.


