(ВИДЕО) Почина позната политичарка откако падна кров во клуб, страшната трагедија зема 18 животи!

Познатата политичарка и дизајнерка на ентериери Нелси Круз, гувернер на Монтереј во Доминиканската Република, загина кога се урна покривот на познат ноќен клуб, потврди претседателот на државата Луис Абинадер.

Политичарката е 18-та жртва на трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет.

Покривот се урнал рано утринава по локално време. Се се случило за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез, кој се уште е затрупан под урнатините.

Ни се јавија и ни потврдија дека Нелси Круз им подлегнала на повредите во болница“, изјави за новинарите видно потресениот претседател.

Познатата политичарка беше меѓу повеќе од 100 повредени кои беа пренесени во болниците по уривањето на покривот. За жал, лекарите не можеле да направат ништо за да ја спасат.

Нелси Круз е назначена за гувернер на покраината во 2020 година. Во Доминиканската Република, таа е позната по промовирање на социјални и инфраструктурни проекти. Според локалните медиуми, Круз била член на Модерната револуционерна партија (ПРМ).

Кобната ноќ, клубот Џет Сет бил преполн со гости кои дошле да го слушаат познатиот пејач Рубио Перез. Засега не е познато колку од нив се уште се затрупани под урнатините.

Началникот на Секторот за вонредни состојби рече дека спасувачите со помош на термални камери се обидуваат да ги лоцираат преживеаните, а од урнатините се слушаат повици за помош.

Најчитани вести