Директорот на геријатриската болница Мухсин Арифи и неговиот соработник кои се осомничени за земање поткуп, завршија во 30 дневен притвор. За да сместат пациент побарале мито од 100 илјади евра, а парите да се обезбедат од продажба на неговиот стан, јавува Сител.
Обвинителката која го истражува случајот смета дека досега обезбедените докази го потврдувале кривичното дело поткуп за кое осомничен е директорот на геријатриската болница.
Адвокатот на Арифи пак негира дека неговиот клиент зел поткуп. Тој бил на работното место и кај него полицијата не пронашла пари.
Арифи и неговиот соработник се под истрага за примање на поткуп, кривично дело кое се казнува со затвор од најмалку пет години.


