Дел од онколошки болните и лицата со дијабет и натаму без потребните лекови и одреден вид инсулин

Тендерските процедури и бирократските пречки повторно ги оставија дел од онколошките пациенти без лекови. Само два месеци по кризата на клиниката за онкологија, пациентите повторно се соочуваат со истите проблеми.

Во моментов има недостиг од лекови за неколку типови на карцинмом, а дополнително нема ниту хормонска терапија во аптеките. Пациентите се разочарани и покрај најавите од министерството и Фондот, освен на хартија и декларативно во пракса и натаму остануваат истите проблеми.

„Навистина не знам како повторно се доведовме во истата ситуација, а тоа е да се доцни со тендерот. Тендерот беше многу доцна објавен, не знам од кои причини бидејќи ние веќе во почетокот на февруари знаевме дека терапија нема да има доволно, само се надевам дека откако веќе е почната процедурата дека ова нема да се одложи по празниците и дека ќе успеат да го завршат бидејќи се чека од Министесрството за здравство сега, да пациентите добијат терапија пред празниците и не се одложи да биде веќе први мај, бидејќи дел од терапијата ја снема некаде околу 15 март што значи би биле оставени месец и половина без терапија.“ -Ана Марјановиќ Хема онко.

Од клиниката за онкологија велат дека од нивна страна постапката е завршена, а првиот човек на Фондот за здравство пак вели дека се работи за технички проблеми во Бирото за јавни набавки и уверува дека до велигденските празници проблемот ќе биде решен.

„Заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се доцнеше со тоа, тендерот е отворен и очекувам пред велигденските празници сите лекови да бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци.“ – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Во меѓувреме пак, не е решен ниту проблемот со недостигот од персонал на клиниката. И по изјавите на здравствените власти дека буџетот за онкологија е речиси двојно зголемен, на клиниката се уште нема нови вработувања, а состојбата со постоечките ресусри е очајна….

„Сега за сега не чувствуваме некаков плус од тоа што го зголемија буџетот. Нови вработувана на клиниката за онкологија нема иако постојано апелираме дека таму има проблем со гужви и има потреба од дополнителен персонал се уште и оние вработени кои што се на клиниката со договори на дело односно не се вработени се уште нема одобрување да бидат варботени и јас навистина не знам кога веќе е ветено дека нешто ќе се случи зошто чекаме?“ – Ана Марјановиќ Хема Онко.

Истовремено се уште не е отворено ниту долгонајавуваното онколошко одделение во Градската болница „Осми септември“ каде е лоциран и акцелераторот кој беше набавен и промовиран уште пред три години. Со отворањето на ова одделение требаше да се олесни притисокот врз онколошката клиника.

И додека се чекаат роковите за жалби од тендерските постапки, онколошките пациенти се надеваат дека надлежните ќе успеат барем пред празниците да ја обезбедат терапијата и да не бидат во неизвесност и страв за своето здравје.

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести