Спречен обид за шверц: Фатени момчиња со стотици РЕТКИ МРАВКИ, вредни и до 200 евра

Четворица шверцери на инсекти кои биле фатени во Кенија со стотици ретки и вредни видови мравки, ја признале вината пред судот, објавија британските медиуми.

Кениската служба за диви животни (KWS) потврди дека, меѓу другото, биле запленети џиновски африкански мравки жетвари, кои некои трговци во Велика Британија ги ценат по 170 фунти (околу 200 евра) по мравка.

Скриени во епрувети

„Осомничените ги сокриле мравките во специјални епрувети и шприцови во кои инсектите можат да преживеат до два месеци“, се вели во соопштението на KWS.

Надлежните додаваат дека шверцерите ги „замаглиле“ епруветите во намера да ги заобиколат безбедносните проверки.

Се верува дека инсектите завршиле на „егзотичните пазари за домашни миленици“ во Европа и Азија.

Надлежните велат дека расте побарувачката за ретки видови инсекти. Луѓето ги чуваат во посебни простори, познати како формакариуми и ги гледаат како ги градат своите колонии, пишува српски Телеграф.

Најчитани вести