Стјуардеса од индискиот град Калкута, Сураби Катун (26), вработена во компанијата „Ер Индија експрес“ е уапсена поради обид за криумчарење.
Управата за разузнавачки работи (ДРИ) минатиот петок организирала акција во раните утрински часови и по приведувањето во нејзиниот ректум биле пронајдени 960 грама злато, јавува НДТВ.
Се сомнева дека стјуардесата го сокрила златото пред да се качи во градот Мускат, а локалните медиуми јавуваат дека властите „имале дојава за тоа што таа носи“.
Се наведува дека членовите на ВРИ уапсиле уште една стјуардеса од градот Канур, односно истражуваат дали и други членови на кабинскиот екипаж учествувале во шверц.
„Њу Индијан експрес“ пишува дека Сураби наводно ги открила имињата на одредени лица вмешани во повеќе случаи на шверц на злато.
По сослушувањето и е одреден притвор, а локалните медиуми јавуваат дека во наредните денови се можни нови апсења, пишува Телеграф.рс.


