За време на средбата со Кос, бугарскиот претседател посочил дека за да биде одржлив и неповратен, процесот на проширување на ЕУ мора да биде изграден врз вистинска имплементација на Копенхашките критериуми
Освен со претседателот на Бугарија, еврокомесарката за проширување Марта Кос оствари средба и со претседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков кој, пак, порача дека Софија го поддржува европскиот пат на секоја земја од Западниот Балкан, водена од принципите на индивидуален пристап и постигнатиот напредок
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска оствари средба со европската комесарка за проширување Марта Кос, која е во посета на Софија во рамки на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“. За време на средбата со еврокомесарката, како што јавува БТА, Радев изразил надеж дека С Македонија што поскоро ќе продолжи со имплементацијата на европскиот консензус од 2022 година со што ќе го отвори патот за почеток на преговорите.
Тој ова го нагласил за време на разговорот за евроинтегративниот процес и реформите поврзани со него.
За време на средбата со Кос, бугарскиот претседател посочил дека за да биде одржлив и неповратен, процесот на проширување на ЕУ мора да биде изграден врз вистинска имплементација на Копенхашките критериуми.
„Дури и кога новата геополитичка динамика ја истакнува важноста на проширувањето на ЕУ, принципот пристапување врз основа на сопствените заслуги треба да остане водечки во оценувањето на земјите кандидати“, посочил Радев за време на средбата со Кос.
Еврокомесарката Марта Кос во објава на социјалната мрежа Икс ја оцени средбата со Радев за продуктивна, посочувајќи дека теми на разговорите биле регионалните предизвици и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.
„Во време на нови глобални безбедносни предизвици, можеме да ја заштитиме нашата слобода, нашата безбедност и нашиот просперитет само ако нашите соседи се со нас“,напиша Кос во објавата на Икс.
Productive meeting with President Radev on regional challenges and the integration of the Western Balkans into the EU.
— Marta Kos (@MartaKosEU) April 17, 2025
In times of new global security challenges, we can only protect our freedom, our security, and our prosperity if our neighbours are with us. pic.twitter.com/yjBEubVhfh
Освен со претседателот на Бугарија, еврокомесарката за проширување оствари средба и со претседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков.
извор: 360stepeni.mk


