Познатата чоколада Дубаи, набргу по пуштањето на пазарот, се претвори во чоколадна сензација која целосно го поремети пазарот на јаткасти плодови.
Комбинацијата од крем од ф’стаци, кадаиф и млечно чоколадо, односно популарната чоколада од Дубаи, набргу по објавувањето се претвори во чоколадна сензација која целосно го пореметипазарот на јаткасти плодови.
Чоколадниот деликатес од Обединетите Арапски Емирати, кој го дизајнираше малата компанија ФИКС, толку многу ги освои клиентите ширум светот што производителите на ф’стаци буквално се исцрпени, а цените на ова зелено злато драстично пораснаа, пишува „Бонитет“.

Сè започна во 2021 година кога чоколадото беше претставено како производ во ограничено издание, но глобалниот бум се случи на крајот на 2023 година, откако вирално видео на TikTok покажа посвета на кремастото задоволство. Видеото набрзо надмина 120 милиони прегледи и предизвика незапирлива побарувачка за оваа луксузна чоколада.
Иако се работи за чоколадо што воопшто не е евтино (145 грама чини околу 10 фунти), побарувачката за овој деликатес не стивнува. Некои трговци дури беа принудени да го ограничат бројот на парчиња по клиент. Така, во март британски Lidl ја ограничи продажбата на само 2 парчиња по лице.
Причината за недостигот лежи во минатогодишната полоша реколта во САД, кои се водечки светски извозник на ф’стаци. Квалитетот на бербата беше исклучителен, но количината беше помала, што ја намали количината на поевтини плодови кои вообичаено се користат за индустриска преработка во чоколади, сладоледи и други производи.
Огромниот скок на побарувачката го потврдуваат и податоците од Иран, вториот најголем производител на ф’стаци во светот. Во период од само шест месеци до март 2025 година, извозот на ф’стаци од Иран во Обединетите Арапски Емирати скокнал за цели 40 отсто во споредба со цела претходна година, покажуваат официјалните податоци на иранската царинска управа.

Тој пораст на побарувачката доаѓа по периодот во 2023 година кога глобалната понуда на ф’стаци ја надмина побарувачката, предизвикувајќи пад на цените.
– Поради ова станаа широко достапни бројни деривати како паста од ф’стаци, масло и путер, кои се користат во различни прехранбени производи – изјави Бехруз Агах од Иранската асоцијација на производители на ф’стаци.
Токму тогаш, додава тој, на сцена стапила контроверзната чоколада од Дубаи, која брзо се претворила во глобален феномен, пишува Новости.рс.


