Силно невреме попладнево ја зафати Истра. Најлошо помина градот Медулин, чии улици беа поплавени поради обилните врнежи, што доведе до големи проблеми во сообраќајот.
Полицијата денеска не добила пријави од граѓани, но противпожарната била преоптоварена со повици, поплавени се неколку куќи и подрумски простории, поради што сите расположливи екипи се на терен, објави порталот 24сата.хр.
“Тоа беше страшно невреме, врнеше град и огромна количина дожд. Сè уште врне. Низ главната улица воопшто не можете да поминете, еден автомобил остана заглавен. Моравме да се евакуираме. Нивото на водата се зголемува, па бевме принудени да се обидеме да поминеме од другата страна за да не не однесе поројот”, вели еден од жителите на Медулин.
Според непотврдени информации, во некои делови од градот наврнале над 150 милиметри дожд на метар квадратен.
Žestoko na krajnjem jugu Istre! https://t.co/CwkL6q849T pic.twitter.com/DQIPzr6ddn
— IstraMet (@IstraMet) May 6, 2025


