Обложувалниците „горат“ поради изборот на нов папа: Обложувањата ја надминаа и Лигата на Европа

Досега во обложувалниците се вложени 50 пати повеќе пари кога е во прашање изборот на нов папа отколку за време на претходната конклава во 2013 година, кога за поглавар на Римокатоличката црква беше избран покојниот папа Франциско.

Портпаролот на британската обложувалница Вилијам Хил изјави дека тоа е „најактивниот“ пазар за обложување кое не е спортско, пренесува БФМ.

Според Сем Итон, директорот на платформата Oddschecker во Обединетото Кралство, облозите на папата во последните недели ги надминале оние во Лигата на Европа и Формула 1 шампионатот за возачи. Според различни платформи, Италијанецот Пјетро Паролин е голем фаворит, пред Филипинецот Луис Антонио Тагле, а зад нив се кардиналите Петер Турксон, Матео Купи и Пјербатиста Пикабала

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести