Кое е решението за замаглени прозорци на автомобилот? Многу луѓе прават класична грешка кога врне дожд

Многу луѓе се лошо расположени поради гужвите во сообраќајот. Дождот си го прави своето и придонесува за замаглување на прозорците на автомобилите. Ако се прашувавте зошто некои успеваат да ги исчистат прозорците за минута, додека вие се мачите цел пат, одговорот е едноставен – тие ги знаат правилата. Дожд, влажен воздух, затворен автомобил и нервозата растат како што прозорците стануваат позамаглени. Ако ова ви се случува редовно, веројатно правите една или повеќе грешки.

Најефикасен начин за одмаглување на прозорците е истовремено да се вклучат греењето и климата, а воздухот да се насочи директно кон шофершајбната и страничните прозорци. Климата не е само за лето. Нејзината најважна задача во вакви ситуации е да го исуши воздухот.

Исто така, исклучете ја рециркулацијата на воздухот. Многу луѓе ја оставаат оваа опција вклучена, мислејќи дека побрзо ја загрева внатрешноста, но всушност само ја задржува влагата внатре. Пуштете да влезе свеж надворешен воздух внатре, дури и ако е ладно надвор. Ако можете, отворете го малку прозорецот, за да може вишокот влага побрзо да излезе.

Дали ладењето помага?

Ако вклучите само ладен воздух, без клима, нема да постигнете многу. Ладниот воздух без одвлажнување всушност може да ја влоши состојбата. Затоа клучната комбинација е топол и сув воздух со добра вентилација.

Најчитани вести