“Путин, те очекувам во Турција, лично!” Зеленски му одговори на Трамп и донесе ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Не сакам изговори, ова веќе нема смисла!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи по повод мировните преговори со Русија и му порача на лидерот на оваа земја Владимир Путин дека ќе го чека во четврток во Турција бидејќи, како што додаде, „повеќе нема смисла да се пролонгираат убиствата“.

„Очекуваме целосно и трајно примирје, почнувајќи од утре, за да ја обезбедиме неопходната основа за дипломатија. Нема смисла да се пролонгираат убиствата. А Путин ќе го чекам во четврток во Турција. Лично. Се надевам дека Русите овојпат нема да бараат изговори“, напиша Володимир Зеленски на мрежата „икс“.

Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави примирје и го повика Зеленски да го прифати предлогот на Путин.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести