Пејачот МС Стојан на својот Инстаграм профил објави дека ја запросил девојката, а колегите веднаш тргнале да му честитаат.
Имено, пејачот после долго време објави дека конечно е среќен и дека ја запросил својата девојка.
Иако малку се знае за приватниот живот на МС Стојан, а тој не откриваше ни со која е во врска, очигледно сакал љубоморно да ја чува својата приватност и кога дошло време да објави се – тоа и го направил.

Тој на оваа мрежа сподели неколку фотографии на кои ја гушка својата свршеница, а потоа како ја држи за рака додека н неа блеска прстенот, и уште една фотографија со чаши вино и бројот 12, кој очигледно го претставува денешниот датум кој ќе остане врежан во нивните сеќавања.
Иако на фотографијата не се гледа јасно, се работи за мистериозна црнка која пејачот вешто ја крие некое време, а ја запроси на Кипар.

Веднаш почнаа да пристигнуваат пораки и честитки до парот, а следбениците беа љубопитни и постојано го прашуваа пејачот за која девојка се работи, но пејачот во оваа прилика не се огласи.
На идните младенци сите им посакаа најубави желби, а многумина му порачаа на пејачот дека се радуваат за него и дека конечно дошле неговите пет минути.


