Петнаесетто продолжување на конститутивната седница на Собранието на Косово

Косовските пратеници денеска 15. пат ќе се обидат да изберат претседател и петмина потпретседатели на Собранието на Косово.

Политичките партии соопштија дека не ги смениле ставовите од минатата недела, кога 14 пат не беше избран претседател на Собранието.

Движењето Самоопределување (ПС) соопшти дека нивен кандидат и понатаму е Ајбуљен Хаџиу.

Додека Алијанса за иднината на Косово (АБК) денеска од Уставниот суд побара да се оцени уставноста сите претходни одлуки на претседателот на конститутивната седница, всушност барањето за промена на начинот на гласање. Исто така е побарано да се донесе привремена одлука, со која ќе се забрани продолжување на конститутивната седница, до одлуката на Уставниот суд.

Додека Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа (СЛ) и Социјалдемократската иницијатива, која беше дел од коалицијата со АБК, се против промена на начинот на гласање и против тоа гласањето да биде тајно.

Парламентарните избори во Косово се одржаа на 9 февруари.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести